ПРИЛЕПСКИ УМЕТНИЦИ ВО БИТОЛА

Групната изложба “Неоматеријални изрази” на авторите Мирјана Тромпеска, Дарко Талески, Софија Грабулоска, Јасмина Руневска, Богдан Грабулоски и Виолета Блажеска е отворена во Завод и музеј Битола. делата се уметничко истражување на врската меѓу материјалноста и неоматеријалноста во епохата на дигиталната револуција.

Делата на искусните уметници го испитуваат концептот на неоматеријалност и влијанието на перцепцијата и уметничката креативност. Изложбата вклучува интеракција меѓу традиционалните ликовни техники и дигиталните интервенции, пренесувајќи уметност во посреден свет на неоматеријалната реалност.

Loading