ДЕЛА ОД КОЛОНИЈАТА ДРЕН 2020 ВО КОЧАНИ

Дела создадени на ликовната колонија Дрен 2020, што ја реализира ЦК “Марко Цепенков” деновиве се презентирани во ЦК “Бели Мугри” во Кочани.

-Стремежот кон приближување до светските современи ликовни тенденции, артикулирани преку апстрактниот пејзажизам и геометриската апстракција, ги обединува ликовните автори на делата претставени на сликарската колонија Дрен 2020. Богатството на колористичните звуци и вибрации на лирските апстракции се одбиваат од ѕидната поврШина и акустично се дифузирааат низ етерот. Притоа, со одѕвонувањето на боените звуци, авторите го декодираат клучот на една имагинарна реалност и димензија. Дрен постои од 2008 година. Годинава беШе 12-тото издание. Изложени се дела од 14 уметници – се вели во најавата за изложбата.

Loading