ТРИ ДЕНА ЌЕ СЕ СЛАВИ ПИВОТО

Од денеска до недела

Прекрстениот Пивофест од јули во Бир викенд во септември од вечерва до недела предизвикува прилично внимание оти се подготвува пивска фешта од утро до утро три дена. Забавениот, а не заборавениот празник на слатко горчливиот пијалок, замезен со надалеку познатата прилепска скара на жар, ќе го “палат и жарат” и популарни интерпретатори.

Вечерва, петок, “температурата” ќе ја креваат Тропико бенд. Со кригли ќе се наздравува и низ песните на Тијана М и Ламбе Алабакоски. Миле Кузманоски ќе треба да ја оконча првата вечер на пивската треска.

В сабота ќе “клокоти” амбиентот со Хјуракан, Пајак и Ареа, а в недела ДНК Бојана Скендеровски, Наум Петрески и Аца Лукас.

Три дена ќе има хаус музичка забава на малата сцена со три диск џокеа.

Loading