ПОМАЛКУ ПРВАЧИЊА

За првото училишно ѕвонче

За околу сто првачиња е намален бројот на запишани деца во основните училишта за новата учебна година. Во прва година од петте средни училишта се запишани околу 730 ученици. Во училиштата не се изненадени.

Основно училиште во центарот во просек запиша по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната година родителите отпишале 300 ученици и заминале од државава.

-Првпат пред клупите ќе седнат помалку 700 првачиња од очекуваните 800 во седумте основни училишта во градот и неколкуте во селата. Продолжува трендот на намалување и годинава. Алармантна е бројката на помалку запишани првачиња, но не е изненадувачка, оти се случува со години. Родители и во погорните класови ги отпишуваат децата да заминат во странство. За шест месеци се отпишани околу 300 деца. Нужно е нешто да се преземе итно – вели Гоце Бумбароски, советник за млади при локалната самоуправа.

Недостигот на учебници е посебен проблем, што се повторува последниве години.

Во Прилеп се образуваат преку 10 000 основци и средношколци во петте средни и десетте основни училишта.

Бесплатен оброк за секое прваче

Сите 664 првачиња од основните училишта ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна. Родителите добиваат првпат финансиско олеснување и правилна и навремена исхрана за развој на децата.

– Учениците заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за подобра иднина – изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Loading