ПОЧНАА ТРЕНИЗИТЕ

Кошарка

Машкиот кошаркарски второлигаш Мега баскет го одржа првиот собир и тренинг на отвореното игралиште пред ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Тренинзи на отворено ќе има до 1 септември, кога се влегува во салата од ОУ “Добре Јованоски”. Екипата, за разлика од пролетоска кога беше во понизок, третолигашки ранг, е ослабена, без младите Стефан Јанески (МЗТ Скопје), Иван Кузманоски (САД) и Миле Станимировиќ (повреден). Но, искуството е побогато.

Составот на Втората кошаркарска лига уште не се знае, оти има пријавување и уплата на котизација.

Loading