АЦЕ ЗА НАС НИШТО НЕ ОСТАЈЛ

-Комшија, шо така си стуткан ко комарџија да те држел на покер.

-Бетар. Се “презобав”, па глата не знам кај ми е. Ах, “Од главата си патиме”?

-Ми “влегува” муабетчината и ела стани.

-Шо муабети, стрижена – бричена…?

-Те гледам ретко в кафана, овај  в “читална”. Таму се прат сериозни муабети. Можиш да научиш.

-Си играш дрн-дупка со мене. Да не ти чади глата?

-Не се прај појче муабет за Џорета од Крушејца, Митрета од Смолани или Спасета од Долнени. Умре то време. Помладиве “читатели” многу знаат. Не се излегува накрај. Зато појче седам, “кревам и учам”.

-Шо научи в кафана? За кревање те бидува, ама за учење…

-Научив, а колку, не знам. Че те прашам, знајш кој е Плутарх.

-Без него да останам, ако го знам. А тој ме знај мене?

-Таков че си останиш. Тиква. Слушај. Че те боли глата два-три дена, ама многу че знајш.

-Ај кажи за тој, како го викаш, твојо Плуттт…

-Плутарх ти бил некој многу учен. Убо пишувал за нашио Аце…

-За кој Аце бе, за Неше?

-А бе каков Неше. За Аце, Александар, големио, македонскио.

-Е то е, ко џа интересно. И?

-Тој му го опишал целио живот. Море бил ваков, таков, храбар, на никого не му се плашел, сите ги тепал, сé шо че сретнел фиран праел, дали биле Грци, Турци, Бугари Персијци, и не знам кои други клети племиња. Сé поробил. Мајката му ја расплакал… Истепал сé до Индија кај слонојте.

-Шо мајка барал таму? Шо не си седел дома до женичката. Да тепа некого, требало џенем да оди?

-Не одел оти му се мавало или тепало. Им делел култура, оти тие биле прости, диви, заостанати. Ништо не знаеле, тупи ко тебе. И појче. Ништо не ти влегува во тимбата!

-Јасно ми е зошто, ние, Македонциве сме зашеметени. Тој е крив. Делел, делел, делел на други, а за нас ништо не остајл.

 -Ништо не разбрав, дури сега ме зашемети.

Loading