ЗА ПЕТ ПЕХАРИ СЕ БОРАТ 58 ЕКИПИ

Фудбал: Меѓународен турнир “Прилеп куп”

Вчера на стадионот кај Могилата почна фудбалскиот турнир “Прилеп куп 2023”, чие второ издание е меѓународно, поради учесник од странство – Јединство Бошњаче од Лесковац, Србија. Овој клуб е воден од тренерот Игор Митиќ, поранешен фудбалер на Победа, во сезоната 2000/01. Неговиот клуб има екипа во највозрасната категорија – пионери родени во 2011 година.

Ќе може да уживаат во играта на талентираните фудбалерчиња од пет генерации, родени во 2015, 2014, 2013, 2012 и 2011 година. Борбата за петте победнички пехари (покрај медали и пакети производи) е меѓу 58 екипи од 18 клуба. Прилеп и Битола се застапени со по 4 клуба, Струга со 3, Охрид 2, Могила, Кичево, Штип, Демир Хисар и Лесковац со по 1. По 5 екипи пријавија пет клуба: Тони и Академија Еврогол (Прилеп), Талент и Пелистер (Битола) и Јанг тим (Струга).

Организатори се Општина Прилеп и ФК Прилеп.

Loading