ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (203) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Птиците преселници како и домородните диви птици се трудат за да одгледаат нови генерации за нивни наследници. Во гумната за време на вршедбата колку луѓе повеќе птици гугутки. Магариња во поголеми крда булуци пасат по местата Крушка, Градиште, Бачилиште, Средобрего и Острило пасат во најголемата сончева жештина како да се натпреваруваат кое е поотпорно на таа сончева температура, горештина.

Приватните работници, земјоделците односно селаните не беа наклонети према ново осниваните државни празници. Не од некакво политичко убедување, туку селанецот немаше никаква заштита за тие државни празници. За да не му се соберат многу празници беше ориентиран, наклонет према религиозните празници за посета на црквата и вечните домови, почивалишта на умрените луѓе. За времето на вршењето низ селото се разнесе радосна вест да Колеска Мојсоска Велева Најденка се верила, свршила за Вешероски Мише од с. Ношпал. Стројник, сводник е Петрески Димитрија од Марул, Колески потомок по мајка му Трајана, по мајка е Јана Колеска. Свадбата ќе биди наесен кога ќе завршат полските работи. За време на вршењето во почетокот домашните птици поготово кокошките загладнети за храна, жито додека не се заситат сите се под колата и кубат од снопјето со жито поготово пченичното жито.

Откако ќе се заситат со храна не допираат во вравот уште од сабајле се слуша нивниот глас низ селото, несат јајца. Стопаните ќе ги наполнат со јајца, со нивните продадени јајца стопаните си правеа основни пазар за во куќите. Кокошките преку денот кои беа поблиску до реките во поголеми јата, горештината ја поминуваат под сенките во реките, штотуку ќе се позалади, ќе се напијат вода и ќе излезат за на пасење. Истото го правеа и квачките со пилињата. Сите овие работи го правеа селото весело.

За почетната учебна година од 1 септември 1957 година беа запишани новите ученици за во прво одделние при завршувањето на старата учебна година од дотогашниот класен учител на училиштето во с. Марул Вузески Љубе, тополчанец, но со завршувањето на учебната година 1956/57 учителот Вузески Љубе си замина на ново работно место во Прилеп. Марулското училиште остана без просветно раководно лице, надлежност на општината Тополчани и македонската просвета.

Нови ученици запишани во прво одделение:

1.Атанасоски Јованоски Драган Танески;

2.Јошески Блажев Данчо Илијоски Јанкоски;

3.Митрески Цветанов Веле Крушкоски;

4.Павлеска Игнева Даница Јоноска;

5.Павлеска Јованчева Слободанка Јоноска;

6.Петреска Ванчова Алтана Бабјакоска;

7.Ризоски Боризов Гоце Бошески Ценоски;

8.Рисетска Блажева Марија Танеска;

9.Ристеска Ладева Алтана Јоноска;

Атанасоски Драган Танески една година паузираше поради од здравствени причини.

На завршетокот на месецот септември се слушна абер, обавест да од први октомври во Марул доваѓа учител за да почни настава школска и за марулските ученици. Учителот е Трајчески Спасе, син на поп Толе од с. Падино, тополечката општина. Планот се исполни, на обетеното дато школската настава за марулските ученици започна со наставникот Трајчески Спасе.

Исто така, и служителот во училиштето Јован Новачески си ја почна својата работа при училишните простори. Но, тоа време за учениците се припремаше варено вештачко млеко со топол леб. Служителот Јован си имаше направено распоред на која домаќинска куќа и е редот да меси леб, ќе го товареше брашното на магарето, ќе го однесеше брашното кај одредената филангише домаќинка и до вечерта поново одеше да го зема лебот со магарето за наредниот ден да има леб за учениците за со свареното топло млеко. Поради во училиштето беше потешкоќа со вода, учениците своите ковина за пиење млеко си ги носеја дома за миење секој ден.

Во почетокот на месецот октомври, денот и дата моментално не се потврдени, избувна пожар во сламата кај Атанасоски Трајанов Алексо. Пожарот го предизвика петгодишното дете Гога. Од Прилеп дојде и противпожарно возило со кое се гасеше копата слама. Сламата беше оштетена, баш сламата со која требаше преку зимата да се храни стоката. Дедо му на Гога, Трајан ладнокрвен човек рече нека е живо детето и селото, слама ќе се најди. Трајановци за прехрана на стоката за преку зимата купија слама. Стоката за преку зимата не ја оставаа да гладува.

Некаде во летното време, за време жетвата во 1949 година, јас Томе бев четири годишен, најдов еден ќибрит, по наше локално викан шпир во тремо, во ѕидот во старата куќа, во боја син, превртен со сликата одоздола, сликата не му е видов, забележав да сестра ми Петра и Донка е гриба тревата во гумното, го припрема за вршење, повеќе ништо не запамтив. Само видов неколку сламки од копата ржана почна со брзина одеја нагоре. Забележав Јанкоски Данчо, нашиот комшија и Јованоски Алексо со дрвени лопати маваа на огно да го гасат.

Стасале напомош многу марулци и марулчанки, носеле вода да е гасат копата слама. Немало фајде од гасењето. Присутните луѓе марулци одлучиле поради запалената слама за да гори поради се навоѓа помеѓу две други копи слама нив цело време ги полевале со вода и така биле спасени двете копи слама. Забележав преку дента од нашите слами големи глувци стаорци бегаа преку река за кај Мурџевци.

Некаде кај ручек време и посакав леб на мајка ми, а таа ми рече, зошто ја запали сламата. Не знам јас што и одговорив и дали ми даде леб, не памтам. Запалената копа ржана слама изгоре, но се спасија двете копи поред нејзе благодарение на пожртвуваноста на марулскиот народ присутен на таа помош. Ми остана во увид кои носеа со кофи и котли вода од Мурџескиот бунар од Ристескиот.

Од тој доѓајѓај си добив нафрлувања од моите другарчиња да сум печел пиперки, си добив два прекари, Тома пали слама и Томче пали сламче. Тоа нешто ме нервираше и избегавав со секого да разговарам. Слушав разни верзии од по народо, а не од куќните луѓе до баб ми Трајана сакала да ме фрли во огнот, но Јованоски Алексо ме откинал од нејзините раце, ме однесол дома кај нив за да ме спаси. Ако баба ми да направи хуманост према мене јас излегов похуман према нејзе во тоа што нејзиниот вечен дом, гробо се навали на распаѓање, пред некоја година пазарив мајстори гробот и го преѕидаме за нов вечен дом.

Со времето моите прекари исчезнаа. Некои постари луѓе ми велеа во смеа, добро што изгоре таа слама, беше стара преку дваесет години, глувците се собираа од сето маало тука, се ведеа, секое утро маалските мачки тука клечеа за да фатат некој глушец.

Продолжува

Loading