ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (202) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

1.Петрески Ванчо Бабјак е женет за Стеваноска Веселка, сестра на Живко Стеваноски.

2.Петреска Ванѓелица Мара по мајка му е сестра на Јанкоски Дончо.

3.Петрески Петре Бабјак е женет за Јошеска Котеска Трајана.

4.Јошески Котески Ќиро му е шура на Петре Бабјако женет за Велјаноска Роса, брачеда на Стеваноски Живко, двата се Гулабоски потомци.

5.Велјаноска Ванѓелица Неда на Петреска Димитрица Драгица и е тетка, на татко е Славе прва брачеда од стрико од Писокалците во с. Чумово.

6.Велјаноска Благојојца Мара се први брачеди со Петреска Димитрица Драгица од брат и сестра по Трипуновци и Писокалците во с. Чумово.

7.На Велјаноски Благоја во 1947 година мал девер на венецо му беше Стеваноски Живко.

8.На Стеваноски Живко во 1951 година му умре жената Цвета Шероска од с. Бонче. За втората жена Неда Стојева од с. Рапеш на венецот голем девер во 1953 им беше Велјаноски Ванѓел.

9.Велјаноски Благоја и Петрески Ванчо Бабјак од детинство и во партизаните и после тоа неразделни другари со фамилиите си правеа куќни посети за верските слави постари деленици Благоја и Веселко.

10.Петрески Крсте Бабјак во есента во 1957 година се ожени за Пажеска Димкова Даница од с. Мало Рувци, брачеда на Јанкоска Дончојца Зора, учесник во тепачката.

11.Котевци и Стевановци секогаш переа на исто место во реката кај Стеваноци, си имаа добри односи со благи муабети. Котеска Божиница Јана му е баба на Крсте Бабјак, мајка на мајка му Трајана. Стеваноска Илица Дуна мајка му е на Живко Стеваноски. Откако се десе со тепачката често пати се десуваше да перат во исто време без разгово ри меѓусебни џагор. Ето тоа носи нервоза и неразмислување пред да се догоди секој настан. Алексо, братот на Живко во тоа време беше на отслужување на воениот рок во ЈНА. На отсуство беше пред тоа во зимата, а за да ја покажи својата младешка сила и морал прати едно писмо до домашните поради самиот беше неписмен со туѓ пишан текст со закан како не се деси тоа додека јас бев на отсуство. Фалбата е краста. Иначе самиот Алексо не е за такви насилнички работи.

Иако времето тоа лето беше нестабилно со дождови и град, работата се одвиваше како со жетвата, исто така и со вршењето. Кога времето беше сончево суво, суво вравовите во гумната се садеја навечер, вравовите се дотеруваа до првата слама и се остава за преку ноќта за да паѓа роса, влага преку ноќта на направената слама. Наредниот ден штотуку сонцето ќе испечи се вадеше првата направена слама, се превртуваше вравот за втората слама. Се вадеше и втората слама, кога беше готово се груваше вравот со дрвената лопата и до пред пладнина вравот се собираше во купа во гумното за веење на житото од плевата.

Во гумната се слуша весели песни од терачите на коњите во вравовите. Поред донесеното сено направено стогови во гумната сега растат во гумната и копи слами кои се белеат во гумната. Селото заличува со нова убавина.

Низ полето овците пасејќи ноќе тропаат со клопотарците и чакарките тропаат додека овчарите будноста ја одржуваат свирејќи со гајдински зурли, кавали, шупелки. Пашити говеда по Веслец и страната рикаат. Селото весело, полето зелено со летните култури.  

Продолжува

Loading