ПОЕФТИН ПРЕВОЗ ДО НАЈОДДАЛЕЧЕНИТЕ СЕЛА

Од септември

Жителите на најоддалечените села од Општинава од први септември ќе можат да дојдат во градот поефтино двапати неделно. Локалната самоуправа одреди субвенционирање на превоз за најоддалечените села. На превозниците ќе им се надоместуваат од локалниот буџет 15 литри гориво на поминати 100 км. за превоз двапати неделно. Општината ќе субвенционира околу 60 000 денари месечно. Цените ќе паднат за 20-30 отсто во споредба со таксистите. Неколку илјади претежно возрасни жители од оддалечените села, како во Мариово, ќе имаат можност наместо со скап такси превоз, поефтино да дојдат до лекарски преглед, до аптеки, колонијални продавници, ПТТ сообраќај, за обнова на лични документи, за плаќање на сметки, за купување намирници и слично. Јавниот превоз до селата  се укина во 2019 година.

-Од септември ќе имаат редовна линија од градот за селата и обратно. Ќе се олеснат условите за живот. Линиите ќе сообраќаат до најоодлечените населени  места, како Прилеп – Витолиште. Потоа за селата Чепигово, Подмол, Мажучиште, Радобил – истакна Дејан Проданоски, претседател на Советот.

– Локалната самоуправа ќе влијае на подобрување на квалитетот на живот на жителите од селата и ќе им се олесни пристапот до градот – истакна градоначалникот, Борче Јовчески.

Според последниот попис од 2021 г., близу 6000 жители живеат во пооддалечените населени места во Општината. Над 1000 не можат да стигнат до градот поради немање јавен превоз, а се  на повисока возраст, со лоша здравствена или материјална положба.

Loading