ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (200) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Ортаци за бачило

1.Атанасоски Благоја Танески, Велјаноски Методија Танески и Ристески Блаже Танески.

2.Дамјаноски Никола и Јовчески Трајко Велјаноски.

3.Мојсоски Веле Колески, Мојсоски Цветан Колески, Павлески Игне Јоноски и Ризоски Драган Бошески.

4.Павлески Павле Јоноски и Петрески Крсте Бабјак.

5.Ристески Атанас Јанкоски и Тошески Љубе Јолески.

Овие ортаци за бачило сами се договараа кој овчар ортак ќе биди мозличар, кој ќе биди овчар јаловар. За преку летото ортаци беа Велјаноски Методија Танески со Ристески Блаже Танески.

Мојсоски Веле Колески со Мојсоски Цветан Колески.

Павлески Игне Јоноски со Ризоски Драган Бошески.

Самостојни овчари 1957година

1.Атанасоски Благоја Танески.

2.Дамјаноски Никола.

3.Јовчески Трајко Велјаноски.

4.Павлески Павле Петрески.

5.Петрески Крсте Бабјак.

6.Ристески Атанас Јанкоски.

7.Тошески Љубе Јолески.

За вториот ден Ѓурѓовден е истата работа, се оди црква, после тоа крлешка проследено со музика. За овие два дена се мисли и на лоши работи при преземање на млеко и правење на разни мајги по народот е малку опрезен, тоа го предвидуваат бајачките со невистински докази. Кој намерава да одат по гости можат да одат уште од вечерта на Ѓурѓовден. Ѓурѓовден се славеше на повеќе села како Вешерејца, Ивањевци, Паролово, Селце на манастир, во Шелеверци. За марулци Шелеверци е најближно село со мала родбинска врска. Во постарите времиња од Шелеверци во Марул имало три жени: Колеска Богданица Менка од Вршковци, Павлеска Тасејца име непознато од Талимџиовци, Цветаница Ристеска Мурџеска умрела само половина месец од нејзиното мажење во Марул во 1917 година била од Кајкијовци.

Марулски девојчиња мажени во Шелеверци: Ристеска Бошеска Лоринка за Вршкоски Раде во 1952 година, Ристеска Драгица Мурџеска за Максимоски Глигур во 1953 година, Велјаноска или Ристеска Васка Танеска за Ускоски Димитрија во 1957 година. Штотуку завршија верските празници Ѓурѓовден и Ѓурѓелија Јоноските браќа од Куреловци Алексо и Душан направија братска куќна делба. Алексо се одсели фамилијано во источната соба во куќата. Додека, со родителите остана во дотогашната соба. Си поделија дел од старата турска куќа од бегот Утоски Тефик за средување куќните работи и си започна засебно полски работи.

Започна полската работа садење на летните култури, грав, слануток, бостан, пченка, сончоглед, стаса и тутунот за расадување, дојде и денот Дуводен. Народ во црквата преполно. По ручекот дома народот развеселен на средселото, расположен со мзуиката на гајдаџијата Алексо Бабјак и по потреба заменат од повеќемина помошници. Истиот ден на Дуводен дотогашниот притруп, клисар во црквата Анѓелески Стојков Илија  Малинкоски. Илија 59 годишен штавичанец пред верниците со согласност на присутните на верниците , црквениот клуч му го предаде на 20 – годишниот Јовчески Трајко за нов црковен притруп. Анѓелески Илија беше црквен притруп од 1953 до 1957 до Дуводен. На денот Дуводен трите влашки фамилии кои престојуваа за становање во Марул Димо кај Танески Димко, Томо кај Василоски Милан и Шерија во задружниот дом се крена и замина од Марул за на планија. Фамилијарно се собра средселото, па се поздравија со голема благодарност према мештаните на селото, замина со солзи на очите товарени на нивните товарити добици, коњи и мазги.

Од денот Ѓурѓовден, 6 мај до 8 ноември 1957 година, марулци го откупија одземеното земјиште во стопанството за пасење стоката надвор од засаденото лозје за 80 000 динари. Додека после Митровден, стопанство Лозар дотера државни овци во оставените трла од страна на Власите. Така тоа пасиште почна подолго време да служи како пашнак подолго време за државни овци.

Една недела после Дуводен заврши школската учебна година за 1956/57 година.

1.Василоска Трајанова Писана;

2.Ѓорѓијоски Дончов Ванчо Јанкоски;

3.Митрески Степанов Ристе Мурџески;

4.Мојсоска Ќирева Љуба Колеска;

5.Павлески Јованчев Богоја Јоноски;

6.Ризоска Боризова Блага Бошеска Ценоска;

7.Ризоски Боризов Драган Бошески Горни;

8.Ристеска Блажева Добрица Танеска;

9.Ристески Алексов Ванѓел Јанкоски;

10.Ристеска Ладева Даринка Јанкоска;

11.Јошески Петрев Данчо Котески.

Штотуку времето наближуваше за тешката земјоделска работа, жетвата, климатските услови се заменија, почесто се јавува дождови, жетвата позакаснуваше. Така речено половината време од месецот беше нестабилно време проследено со дожд и грмотевица.

Од таквите временски неприлики, врнежи, грмежливо една августовска вечер околу седум саатот црничките овчари, ортаците Димкоски Дончо и Петковски Панде ги затекнало времето со дожди грмотевици во подножјето на брегот црнички – путурешки. Овчарите се засолнале до камењето. Додека овчарот Дончо Димковски извадил од овчарската чанта да вечера, додека Панде Петковски бил на другата страна од стадото на овците.

Во еден момент секнало силно, секајцата како да му го зела видот на луѓето, следела страшна силна грмотевица и удрил громот каде седел овчарот Дончо Димковски. Електрификацијата на место го усмртила овчарот Дончо и повеќеовци меѓу дваесет и триесет. Дончо Димкоски си ја остави жената Донка вдовица и малата четиригодишна ќеркичка Магда, сираче.

Жената на Дончо, Дончојца Донка е од с. Добрушево, од татко Богдан и мајка Лета – Лефтерија Талевски по  матичното презиме по прекарот Мургоски. Донка имаше сестра Милица, мажена за Павлески Аце во Марул. Нивната мајка Лефтерија – Леца му е сестра на Богоја и Тодор од Шкилевци од с. Тополчани, прилепско. По навршувањето година дена од отепвањето на овчарот Димковски Дончо, неговата жена Донка си го зеде детето Магда и се премажи за ново или друго момче, Славко во с. Могила.

Со нестабилноста на природата настрадале луѓе и нивните имоти. Додека од такви непредвидени и непотребни штети ги предизвикувал и човекот со неговото неразмисленост или пак намерна работа дојде и до тепачка во летото 1957 и до судски распр помеѓу Анѓелески Живко и Петрески Крсте Бабјак каде се замешаа повеќе луѓе во оваа тепачка.

Продолжува          

Loading