“УМРЕ” ПИВОФЕСТОТ!

Кој го испрати фестивалот на пивото и скарата во историјата?

Пивофест нема да има. Наместо јубилејно 20-то издание, ланскиот организатор, две недели пред одржувањето соопшти на ФБ дека се одлага за следната 2024 година, со нова локација и нов концепт.

Кој и зошто го испрати традиционалниот фестивал со две децениска традиција во историјата? Ако корона пандемијата две години го стави на пауза, кои се причините манифестацијата да замре годинава која беше бренд на градот и носеше економски прилив? Кој е виновен и може ли “умрено” нешто да се воскресне? Или кој бега од работа, од ангажман, од обврски?

Здружението Интернационален фестивал за пиво и скара ,,Пиво Фест,, во образложението наведува дека не ја добиле поддршката од бизнис секторот и решиле да не се одржи, Општината донесла задоцнета одлука за локацијата која официјално до организаторот не била доставена. 

Експресно со соопштение реагираа од Локалната самоуправа, изразувајќи став дека манифестацијата треба да се одржи, бидејќи фестивалот на пивото и скарата има културен, економски и туристички бенефит за градот, но дека Општината никогаш не била организатор, туку само поддржувач. Доставено било само едно барање од Здружение како потенцијален организатор, но без јасна финансиска конструкција, ниту програма која ќе гарантира професионална организација. Предвиделе милион денари за фестивалот од буџетот. Но, недоволната поддршка за организација на годинешниот фестивал од повеќе фактори, влијаела на одлуката за одржување или одложување на манифестацијата – велат од Локалната самоуправа.

Мислењата на граѓаните се поделени. Се потврди народната дека не се гои прасе во очи на Божик или неспособните бегаат од работа?! Каква ли манифестација ни треба – Фестивал за мајтап, за иселеништво или хортикултура? Треба ли да живее овој град?!

Loading