Членовите на Клубот на литературни творци од Прилеп повторно беа најбројни на Осмото издание на меѓународната поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер 2023” која се одржа во манастирот ,,Свети Кузман и Дамјан” во селото Опеница кај Охрид.
Манифестацијата претендира на меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, Охрид и Македонија.
Учествуваше и поетот Тони Павлески со песната “Вљубените”.
ВЉУБЕНИТЕ
Ми шепотат липите
и жалните врби,
за тоа како отсекогаш,
поради својата, чудна природа
биле избегнувани
бескрајно вљубените.
Не знам како е во светот,
но, не можам да ги разберам
тие, не баш малкуто
од мојот народ,
што како од отров бегаат
од оние, бескрајно вљубените
во Македонија.
Тони Македонија Павлески