КРОС РОУД БЛУЗ БЕНД СО НОВА ПЕСНА

Одлично шоу на Камената бина направија прилепски музички амбасадори – блузерите од Крос роуд блуз бенд промовирајќи ја и нивната нова авторска песна “Дојди си дома”. Текстот е на Бранко Нешкоски, а музиката и аранжманот се на вокалот Давид Нешкоски. За песната имаат и видео запис.

На настапот се потсетија и му оддадоа почит на членот кој во 2018г. ги напушти засекогаш Александар Дворчанец – Сале, а кој заедно со  Бранко Нешкоски – Бане, всушност го поставија темелот на бендот кој постои од 1997 година. Денес групата ја сочинуваат, таткото и синот, гитаристите Бранко и Давид Нешкоски кој е и вокал, тапанарот  Зоран Настески и Љупчо Шилоски – бас. Засилени се со два женски вокали: Александра Трајческа и Викторија Георгиоска.

Портфолиото на Крос Роуд блуз бенд е богато со настапи во држава и на меѓународни блуз фестивали. Имаат снимано три албуми, од кои два авторски со блуз нумери на македонски јазик и еден албум, со обработки на заборавени и не многу познати песни.

Loading