ПЕНЗИОНЕРСКО ОРО НА ЛИВАДА        

По седмипат асоцијацијата на пензионерите организира голема заедничка екскурзија до манастирот Св. Ѓорѓи во селото Беловодица со присуство на околу 300 членовии од Прилеп и од Долнени и Кривогаштани. Овојпат се придружија и пензионерите, членови на Здружението на инвалидите. Луѓето од третото доба прошетаа по излетничкото место, ручаа, се веселеа, дури и завијаа оро на манастирската ливада.

– Дружењава придонесуваат да се чувствуваме, весели, ведри и расположени и да заборавиме на многу наши  проблеми  што  не притискаат во годините. На следниот пикник планираме присуство на преку илјада пензионери од здруженијата од Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Каваадарци и Демир Хисар – рече Славко Трајкоски, претседателот на прилепското здружение.

Пред неколку години во два наврати за ручек во природа се избра манастирот кај селото Пашино Рувци, потоа  во манастирот Св. Никола кај селото Прилепец.

Вакви излети се организираат двапати годишно, во пролет и во есенските месеци.

Loading