КУЧКА РОДИ 13 КУЧЕНЦА

Чудата се ретки. Такво чудо е кучката Ава. Таа роди 11 кученца во дворот  на ул. “Крушевска”. Крај оградата, кучката се затрчува и силно лае, како предупредување никој да не се осмели да влезе накај нејзиниот пород. Ги собрала сите на место далеку од минувачите. Сопственикот Живко Цветкоски вели дека Ава е “американски стафорд”.

– Ја донесе внукот Давид, кој сега работи во Хрватска. Беше малечка. Ја храневме со цуцла. По речиси две години, првпат се окучи по спарувањето со мажјак од иста раса со педигре, добитник на награди. Чудото е што на свет донесе 13 кучиња, што е реткост и кај кучињата. Ноќта прво окучи шест кученца. Мислевме дека се толку. Но продолжи и изборивме 13, од кои две умреа по “породувањето”. Не знаеме колку точно се машки, колку женски, отприлика половина со половина. Дадовме  две едно машко и едно женско. Сега се уште девет. Три мили кафеави “куклиња” се пазарени. Сите скокаати  играат меѓу себе и мајка им – кажува сопственикот.

Ава се храни обилно да може да ја накрени и да ја осамостои “челадта”.

Планот е сите да се дадат, освен едно машко да остане, покрај мајката.

Loading