„ГЕНЕРАЦИИ“ ОД ЈАСМИНА КОЛЕСКА КУЗМАНОСКА

Нова книга

Јасмина Колеска Кузманоска ја искажува убавината на животот преку стихови за љубовта, традицијата, копнежот по милоста, неостварените мечти, неповратното минато, родното огниште… Таа ја подели со јавноста збирката “Генерации” со над 50 песни, со стиховите за македонската традиција и обичаите кои се од витално значење за секој човек.

Според Марија Мантова, опишани се четири генерации.

– Во прекрасните стихови го опева минатото со невидливи нитки измешано со сегашноста – вели Мантова.

За авторот, љубовта е живот низ годините преточени како сон, живот што се раѓа, расне, пролетува и гасне како денот по зајдисонце.

Колеска Кузманоска е член на Клубот на литературни творци – Прилеп. Поптишана е на кориците на книгата “Гласот на љубовта”.

Живот

Како во низа се нанижани

денови

нови изнанадувања

зарем секогаш ќе има

миг среќа,

миг очајност!

Празници

со душа пречекани

весели, среќни лица насмеани.

Очекуван е и часот да чукне

во него мигот да екне

и ете емоции што будат

со болка душа полнат

од око поматена       

солза крвава капе.

Живот ти зарем пак

На прагот на судбината ја оставаш?

Не оставај болка да стои

во нежност претворија

во среќа, среќни денови да брои.

Loading