ДВЕ ПО 25

На некојси поп му умрела попадијата, а по црквените канони не може поп да се прежени. Не бил уште толку стар да не му треба попадија. И дечиња му останале за гледање. Решил да го замоли владиката да му дозволи да прибере некоја жена, макар и под друга некоја форма, да ја пријави како слугинка, готвачка, перачка, домаќинка, како што прават католичките попови. Имаат “готвачки”, “перачки”, “слугинки”, од кои им се раѓаат и по три-четири деца, ама канонот е запазен. Ппопот нема.

Младиот владика, како попчето, размислил малку и дал благослов.

-Да направам еден себап заради децата, ама ќе гледаш да прибереш некоја постара, докај 50 години, да не паѓа ептен в очи на селаните.

Попот се заблагодарил на “милосрдието” и си отишол дома. Почнал да бара жена каква што му рекол владиката. Барал, барал, ама никако да најде таква. Најпосле решил. Наместо една од 50 години,  зел две по 25. Едната за готвачка, а другата за перачка.

По неколку години владиката прашал што направи;. Попот се правдал дека не можел да најде една од 50 години, затоа зел две од по 25 за да го запази канонот.

Владиката сиот задоволен му рекол:

-Многу добро си направил, но не е право ти да имаш две, јас ниедна. Ќе ми ја дадеш мене едната, нели?

-Кабул не го чинам, свети владико! Не можам да го газам канонот и да тргам маки на тој век во пеколот – одговорил попот и отишол кај готвачката и перачката.

Loading