ЦВЕТОВИТЕ ВРАЌААТ ЉУБОВ

Пензионерската страст на Борче Шијакоски

Повеќе од три години пензионерот Борче Шијакоски, родум од селото Лопатица, а живее во Кавадарци е заљубен во цвеќињата, украсните дрвца. Убавината не го остава “на мир. Љубовта за растенијата кои се декор и мелем за очите му преминала во пасија, и по малку во бизнис за дополнување на пензионерскиот џеб. Често со телефонот слика убаво уредени тераси и дворови со цвеќе и украсни дрвца. Тоа му дава елан, го храбри и му вдахнува нова енергија и љубов за зеленилото.

Прилепскиот мигриран кавадарчанец не се дели од огништето. Не е агроном, туку машинец, зеленилото му се “фатило”  оид мал кога терал овци на пасење.

Малку работел, но се заљубил во потомка на винарите и свиле семејно гнездо во Кавадарци. Ако со телото е во градот на грозјето и виното, со душата е во Прилеп. Секој пазарен ден на своите сограѓани им нуди воздишки во цветови и друга хортикултура за убавина на балконите, терасите, верандите, дворовите, од саксиско цвеќе до зимзелени мали декоративни дрвца за плакнење на сетилата за вид.

– Зеленилот е вродено во мене, ген, љубов што ме опкружува постојано. Верувам дека никогаш нема да го изневерам – вели Шијакоски.

Во расадникот во селото Ваташа одгледува можеби 30 илајди мали украсни дрвца.

– Ги садам од семка, ги негувам да виреат и да го разубавуваат секој простор. Секој дом може да се претвори во мал парк, ако грижливо се одржуваат разно-разни цвеќиња и украсни растенија. Со цвеќињата нудам и совети за одржување и вегетирање, но и за создавање мал, домашен, зелен рај. Луѓето кои се мераклии, им се допаѓа да одгледуват дома цвеќиња, но не знаат не се умешнио. Со мали совети и со грижа лесно можае домот да е претвори во цветна градина. Дури им советувам за калемење. Не останува никој рамнодушен од понудата на разни туи, зелени, жолти, обични и секаков вид од седумдесетте видови.  На секој што сака цвеќе, му застанува здивот и се восхитува, оти го збогатува или го креира својот домашен парк и си создава празник за очите. Не е доволно само желба.  На цвеќињата малку им е потребно да им се подари внимание уште од засадувањето во саксијата или во дворот. Со нега, растението вегетира, напредува, создава корен, стебло, листови и цутови. Дрвцето има живот кој е доверен во рацете и умот на луѓето. Не е филозофија, туку реалност. Дрвцето или растението, или целата вегетација, е животот, продолжување на животот, подавање на рака на природата – објаснува Борче.

Не е тешко да се совлада начинот, односно да се научи да се  размножуваат цвеќињата, да се знае да се направи резница, засек на дрвцето,  цвеќето… Тоа  не е  доволно. Нужно е  на растението да му се одговори со љубов, да му се врати насмевка, да заблескаат очите од убавината. Нормално, за одржувањето е значајно и прихранувањето, наводнувањето… – кажува Шијакоски.

Открива дека многу сограѓани сакаат украсни дрвца за на терасите, за дворовите, за викендичките, каде има повеќе простор. Посакуваат да израснаат и да кренат жива ограда не само од туи. За таа намена се погодни хортензиите, чии цветови, покрај бели, ги има во повеќе бои. Соодветни се дивите брези, костени, секакви видови на елки, бели сребрени… Вели дека  се бараат и други цвеќиња, растенија и дрвца не соодветни за нашата клима. Сé поатрактивни се зачинските билки за гастрономијата како рузмаринот, ловоровиот лист, лимонот, кедарот, жалфијата…

Според него, марифетот за одгледување не е во прихранување само со арско  ѓубре и добра земја – хумус.

– Во лето треба да се наводнуваат, но не премногу, туку колку што е потребно. Треба да се скројат, да им се даде форма и “луфта” за развој. Зиме нема потреба од многу вода. Нужна е заштита од мрзнење во многу студените  денови – објаснува Шијакоски.

“Занаетот” за размножување на растенијата го “совладал” при неколкумесечен престој кај една од двете ќерки во Германија. Работел во убаво украсени градини и научил дел од она што, на одреден начин, го “продава”. Му нуделе да остане како хортикултурен уредувач, но домашните го вратиле. Ја “пробал” среќата и во Австралија. И оттаму се вратил да ја уредува својата градина, па и на комшите…

– Не е сé во парите. Затоа сум најевтин за зимзелени и други украсни дрвца и цвеќиња од расадникот кој не е под пластеница или под најлон. Поабавно, но дрвцата и цвеќињата виреат и растат здраво на отворено. Многумина кои сакаат да спечалат побрзо, купуваат повеќе стотини садници на големо и ги нудат по повисоки цени – кажува Шијакоски.

Најефтиниот понудувач на “цветниот” пазар, главно го одржува расадникот, оти на душата му се прилепило зеленилото, срцето му блика од радост со поглед на убавите цветови и се воодушевува на создавањето на зелени дворови со дрвца. Среќата ќе му биде уште поголема ако и по слободните места низ градовите никнуваат нови хортикултурни површини.       

Loading