СТИХОЗБИРКА ОД АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

В сабота промоција

Промоцијата на Дебитантската стихозбирка “Прости песни” од Александра Спасеска  ќе се одржи во киното Мис Стон на 3 јуни од 19 часот по успешното претставување на саемот на книгата. Авторката, новинарката и преведувачката израснала и завршила основно и средно образование во Прилеп.

Модераторот, низ разговор со авторот и илустраторот ќе го доближат креативниот процес.

Дебитантската стихозбирка на Спасеска содржи шеесетина песни во три циклуса: “Писма до неа”, “Песни за неговата песна” и “Земање збогум”.

Поетесата Лори вели дека стихозбирката го носи гласот на авторот, што се јавува како на сон или во мигови на длабоко, мисловно вникнување, водејќи во лавиринтите на таа, жената, лавиринтите на копнењето по другиот. Таа е гласот што ја исцртува мапата на интимни патувања.

Поетесата Снежана Стојчевска истакнува дека Спасеска го продолжува везот на проста и строга македонска песна, ткаена од копнеж и болка и успева да изгради музеј на болката.

На промоцијата ќе се претстави и креативката Ема Миткоска со рачни изработки на накит.

Спасеска е родена во 1984 година во Кавадарци. Основно и средно образование завршува во Прилеп, а од запишувањето на Филолошкиот факултет  живее и работи во Скопје. Поезијата и е објавувана во неколку онлајн изданија како и печатени антологии. Преведувала и уредувала вести во дневниот весник  Вест до 2017 година.             

Loading