ПРИЛЕП СЕ ГОРДЕЕ СО АЛИ ФЕТИ ОКЈАР

80 години од смртта

Со потсетување на Али Фети Окјар, роден прилепчанец, преку излагање на историчарот Рубин Белчески, одбележани се 80 години од смртта на големиот турски државник, кој бил премиер, претседател на парламентот и амбасадор. На мементото за Окјар присуствуваа неговиот внук со исто име и амбасадорот на Турција во земјава.

Окјар два пати бил премиер на Турција, петпати пратеник, претседател на турското собрание, дипломат и близок соработник со Мустафа Кемал Атататурк со кого учел во битолската гимназија и на воената академија во Истанбул.

Прилеп се гордее со Али Фети Окјар, за кого малку се знаеше.а се афирмира со проект на Заводот и музеј. Во октомври ќе биде отворена сеопфатна изложба.

– Окјар е значајна личност во Турција, а е роден во Прилеп. Преку неговиот лик правиме меѓуинституционална, меѓунационална и меѓудржавна соработка за подостапност за јавноста. Тој одиграл значајна улога во создадавањето на турската република. Министерството за култура имаше слух во годинава кога се навршуваат 80 години од смртта и 100 години од создавањето на турската република. Претстои дополнително истражување. Во октомври ќе приготвиме изложба во соработка со внукот на Окјар. Ќе дојдеме до повеќе документи – објаснува Рубин Белчески, историчар од Заводот и музеј, раководител на проектот.

Внукот на Али Фети Окјар, кој го носи името на својот славен дедо, кој дојде од Истанбул, оценува дека комеморацијата ја унапредува соработката меѓу двете земји. Се гордее што дедо му потекнува од Прилеп и ќе помага  во осветлувањето на ликот на својот дедо за македонската јавност.

– Многу сум горд што се прави ваква комеморација за дедо ми во Прилеп. Се збогатуваат врските на двете земји. Ќе придонесам на било каков  начин за разивање на проектот – изјавирече Али Фети Окјар, внук на големиот турски државник.

И прилепските локални власти му оддадоапочит на сограѓанинот Окјар.

– Преземаме иницијатива овој поборник за демократијасо за либерален поглед на светот, да најде почесно место во својот роден град. Можеме да подготвиме обележје, спомен соба, споменик или име на некоја улица – изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Loading