ЗАЕДНИЧКА БОРБА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СТРЕСОТ

Во ЈОУ „Наша иднина“

Стекнаа нови знаења и ги зајакнаа вештините за социо – емоционалниот развој и учење кај децата околу 40 негувателки од градинките од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани на обуката во ЈОУ “Наша иднина”. Министерството за труд и социјална политика, како дел од заедничката соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Бирота за развој на образованието, продолжи да го унапредува квалитетот на сервисите и да ги јакне професионалните компетенции на вработените во установите за деца. Обуките ги спроведува ЕДУЛЕНД- Асоцијација на едукатори и професионални заедници во партнерство со канцаларијата на УНИЦЕФ во Скопје, како дел од програмските активности на проектот: „Градење на капацитетите на негувателките во предучилишните установи”.

-Нашата работа е тимска. Сите заедно треба да се грижиме за правилен и подобар развој на децата од предучилишната возраст. Присуствуваа половина од негувателскиот кадар од градинките, како и колешки-негувателки од Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод – вели Христина Трпческа, директорка на прилепските градинки „Наша иднина”.

Потребна е посветеност, зашто секое дете е посебна приказна. Треба да се надмине стресот кај децата преку техники и стратегии, со што децата добиваат позитивна социоемоционална клима. Адаптацијата им е полесна и корисна за натамошниот развој. Клучно за воспитувањето на децата е соработката воспитувач – негувател.

Loading