МЛАДОСТ 96 НЕ ГО ДАВА ВРВОТ

Пинг-понг

Екипата Младост 96 постигна уште две убедливи победи во пингпонгарската Супер лига на Македонија. Прво со 4:1 совладано е Берово, потоа со истиот резултат и градскиот ривал Младост. Во меѓувреме, Младост со 4:0 го совлада Кочани. На табелата Младост 96 има 27 бода, Телеком нец 2 – 26, Шампион ФА 24, Берово 23, Крива Паланка 2007 – 22, Младост и Работнички 19, Крива Паланка 18, Рисови 16, Кочани 14.

Последните 4 кола се на 13 и 14 мај.

Loading