ЈОВЧЕСКИ ОСТАНУВА СО ИЛЈАДА ЕВРА ПЛАТА

Градоначалникот Борче Јовчески останува со плата од илјада евра, плус процентот за минат труд. Тоа е суштината на одлуката на Советот на последната седница.

Тој побара од советниците да не се зголемува неговата плата за 78 отсто, според новата одлука на Уставниот суд за платите на избраните и именуваните лица и за функционерите од пред еден месец.

Во меѓувреме, сите други функционери во земјава, кои нема да се откажат од оваа уставна одлука, ќе имаа повисока плата во бруто за 78 отсто, што во нето е повеќе од 85 проценти.     

Loading