ВТОРПАТ ВО ТЕТОВО

Кошарка

Пред две недели екипата Мега баскет беше гостин во Тетово, каде го доживеа првиот пораз од Тетекс. В сабота пак гостува во овој град, на Љуботен. Ништо друго не се очекува, освен убедлива победа. Домаќинот е последен на табелата од Третата лига Б-група, а Мега баскет прв. Во претходната 17. рунда, Љуботен со 50 разлика загуби од Спарта во Скопје, додека Мега баскет дома со 92:69 славеше над битолската Хераклеја. Со ова коло завршува основниот дел од првенството, по што претстои плеј-офот за влез во второлигашкиот ранг.

Табела: Мега баскет 25, Тетекс 23, Гостивар 22, Спарта, Хераклеја и Дибра иглс 19, ИБА баскет 18, Љуботен 13.

Loading