СОРАБОТКА НА ДВАТА РИВАЛА

Пинг-понг

Најубавиот пример за соработка меѓу спортски клубови е во пингпонгарскиот спорт. Двата прилепски клуба, Младост и Младост 96, покрај тоа што тренираат во иста сала, имаат и договор за позајмица и двојна регистрација на играчите.

– Одлична соработка. Тренерот на Младост Зоран Јованоски излезе во пресрет и ни ги позајми за оваа пролет двете пингпонгарки кои ги тренира, Софија Хасану и Емилија Маркоска. Така, тие можат да играат во сениорската лига како и во јуниорската лига каде Младост 96 има пријавено свои екипи. Од друга страна, Младост 96 на екипата на Младост за пролетва и го отстапи својот надежен млад играч Трајче Маркоски – вели Златко Рикалоски, член на УО на Младост 96.

Викендов има натпревари од Супер лигата, каде втората Младост 96 игра со претпоследната Крива Паланка, а петтата Младост за ривал ја има третата Крива Паланка 2007.

Loading