ИМА ЛИ СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКА?

Обвинителство собира документи сведоци за проверка на сомнежите за сексуално вознемирување на ученичка од вработен во СОУ “Орде Чопела”. Ученичката дала изјава. Психолог ќе вештачи за душевната состојба, па ќе се види дали ќе се отвори предмет и дали ќе има кривично гонење. Обвинителството побарало и видео-записи од камерите во училиштето.

Според в.д директорот на училиштето, Тереза Златеска Трајкоска случајот е од 8 февруари.

– Ученичката í кажала на класната, а таа на стручните служби дека вработен ја допирал по телото. Потоа, во присуство на родител, ученичката дала нова изјава дека не ја допирал. Конечно во третата изјава потврдила дека вработениот ја допирал по телото. Ги известив Центарот за социјални работи и полицијата, по што тиеи преземаа дејства – вели Златеска Трајкоска.

За случајот се огласија полицијата, Центарот за социјални работи и од училиштето кое ги информирало надлежните институции.

Центарот за социјални работи соопштува дека стручниот тим дошол до сознание дека детето на почетокот на февруари било жртва на сексуално вознемирување во раговор во присуство на родител. Писмено ги известиле полицијата и обвинителството.

СВР Битола вели дека на 14 февруари вработена во средно училиште  пријавила дека малолетна ученичка пријавила дека била допирана по телото од вработен од училиштето. Полициските службеници презеле мерки.

Loading