НЕМА ЗАПИРАЊЕ!

Кошарка

Продолжува победничката серија на Мега баскет во кошаркарската Трета лига Б-група. Во 10. рунда со убедливи 94:77 совладан е третопласираниот Гостивар 2. Отворен е патот кон второлигашкиот ранг. Во екипата на тренерот-играч Стефан Стевананџија нови се Давид Петрески и Миле Станимировиќ. Со оглед на тоа што Тетекс беше слободен, разликата меѓу тетовскиот и прилепскиот тим е зголемена од 2 на 4 бода. Во следната 11. рунда Мега баскет гостува во Дебар, на Дибра иглс.

Табела: Мега баскет 18, Тетекс, Гостивар 2 и ИБА баскет по 14, Албес и Хераклеја по 13, Спарта и Дибра иглс по 12, Љуботен 9.

Loading