ЗА ДВА МЕСЕЦА ДЕТСКИ ЏАГОР ВО НОВАТА ГРАДИНКА

Во Точила

Готова е новата градинка во Точила со капацитет за згрижување на 252 деца, но според локалните власти Министерството за труд доцни со внатрешно опремување. Со години во градинките има список од 250 до 300 деца, чии родителии сакаат да ги згрижат своите деца.

Се дознава дека завршена е тендерската постапка и се склучени договори за набавка на опрема за градинката. Министерството за труд соопшти дека испораката на опремата од 9 милиони денари е во тек и комплетното опремување ќе заврши за 2 месеци.

Изградбата на градинката е комплетна инвестиција на Прилеп од 133 милиони денари или над 2,1 милиони евра.

Loading