НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ ЗА ТРАЈКОСКИ ЗА ПОЗИТИВНИТЕ РЕЗУЛТАТИ

ИЗБОРНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

По еден месец од распишаните изборите во 19-те разграноци на Здружението на пензионерите на Прилеп, се одржа изборната седница на Собранието при што се избраа верификуваа делегатите и другите  членови на органите и телата предложени во изборниот период.

Со седницата раководеше досегашниот претседател на Собранието Ангеле Кироски. Формираната кандидациона комисија предложи 37 делегати за членови на Собранието, по што тие едногласно беа прифатени како претставници на повеќе од 14500 пензионери од Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

На изборната седница беше потврден и мандатот  на  тројца  членови на Надзорниот одбор, и уште толку за статутарната комисија. Делегатите го потврдија предлогот на членството од сите ограноци за претседател на Здружението и Извршниот одбор да биде повторно избран досегашниот претседател, Славко Трајкоски. За претседател на Собранието беше   избран делегатот од разгранокот Вишне,  Димче  Настоски, а за делегати во пензионерската организација на Македонија, пак беа предложени и едногласно  избрани Славко Трајкоски и м-р Илија  Адамоски. За секретар на Здружението беше избрана Славица Пожарска. Делегатите избраа и Извршен одбор од 15 членови. Интересно е тоа што се практикува за членството на органите и телата да бидат избрани скоро исто толку пензионерки, колку што се избрани и пензионери. Половата застапеност ја истакна  и  старо – новиот претседател  Славко Трајкоски.

– Без некоја скромност можеме да се пофалиме дека здружението е едно од поголемите и најактивните, членки  на Сојузот. Лани за болните пензионери, за бањско и други лекувања, за помош на пензионерите со ниски пензиски примања, за помош на семејства на пензионери со несреќни случаи беа поделени повеќе од 2,5 милиони денари. Тоа е пракса со години која с одржува и негува. Здружение прво доби признание од СЗПМ за повеќето хуманитарни активности. Само пред новогодишните и божикните празници, Комисијата за здравство додели 800 ваучери од по илјада денари на пензионерите да си набават прехранбени и други производи за хигиена. Поттикнавме другите здруженија да  практикуваат слични акции – рече Трајкоски.

Тој ја истакна организацијата на шесте масовни пикник собири со по повеќе од 400 пензионери. Последната заедничка средба, екскурзија имало и гости од Битола.

– Се иницира идејата за помасовни заеднички собири на регионален план, не само од збратимената битолска пензионерска асоцијација, туку и од другите здруженија, како од Крушево, Демир Хисар, Ресен, Македонски Брод… – рече Трајкоски.

Според него, ќе продолжи тендцијата на отворање не неколку пензионерски клубови, кои сега се 13.

– Пензионерски можат да го  минуваат слободното време во заеднички игри, следење на ТВ, разменување на мислења, организирање и договарање на активности – рече Трајкоски.                             

ИЗБРАНИ ЧЛЕНОВИ  НА  ИЗВРШНИОТ ОДБОР

1.            СЛАВКО  ТРАЈКОСКИ –    Рид-2

2.            ВЕРА  МИРЧЕСКА –  Рид 1

3.            ДИМИТРИЕ  МАКРЕСКИ –  Гоце Делчев

4.            СТЕВАН  АЦЕСКИ – Ѓогдере

5.            МАРГАРИТА  ПЕТРЕСКА – Вишне

6.            ОРДЕ  КУЗМАНОСКИ- Тризла -2

7.            ИЦКО  НАЈДОСКИ – Тризла-1

8.            ЛИЛЈАНА  РУСЕСКА -Точила

9.            ЗЛАТКО АНГЕЛЕСКИ – Варошко маало

10.          ФАНЧЕ РУЛЕСКА – Бончејца

11.          МАРИЈА МИХАЈЛОСКА –  Центар

12.          ЕЛЕНИЦА ПЕШТАЛЕСКА – Корзо

13.          ЗОРЕ СИНАДИНОСКИ – Сточен пазар

14.          ЖИВКО  ПАСКОСКИ- Обршани

15.          МЕДИН ТОПАЛОСКИ – Дебреште

Според Кандидационата комисија дополнителни членови во Собранието

1.            ПЕЦО  КОТЕСКИ –  Точила

2.            ЛИЛЈАНА  ПОПОСКА – Бончејца

3.            БЛАГОЈА  ЈОВЕСКИ – Рид 2

Претседател на Здружението а истовремено и на Извршниот одбор  –   СЛАВКО  ТРАЈКОСКИ

Претседател на Собранието на ЗП Прилеп –  ДИМЧЕ НАСТОСКИ

НАДЗОРЕН  ОДБОР – ТРАЈЧЕ  СТОЈАНОСКИ, ФЛОРИНКА  ЧАКАЛАРОСКА и БОРИС  КРЕМЧЕСКИ

Делегати од ЗП во Сојузот на здруѓенијата на пензионерите на Македонија – СЛАВКО ТРАЈКОСКИ  и  ИЛИЈА  АДАМОСКИ

Статутарна комисија -БОРЧЕ РИСТЕСКИ, СТЕВКА  НИКОЛОСКА и БЛАГОЈА ХРИСТОСКИ                    

Секретар на ЗП Прилеп – СЛАВИЦА  ПОЖАРСКА

                                     

Loading