СОБИР НА ДЕСПИНА

Жени

Според најавата на шефот на Стручниот штаб Стевче Талески, екипата Деспина првиот собир и тренинг ќе ги има денеска, на игралиштето со вештачка трева. Долга беше паузата од 3 декември кога заврши есенскиот дел од првенството на фудбалската Прва женска лига на Македонија, така што е време за враќање на тренинзите. Денеска почнуваат подготовките за пласман меѓу првите четири екипи на табелата, со оглед на веќе освоеното 4. место есеноска, веднаш под тетовски Љуботен, каменичка Саса и струмичка Тиверија.

Напролет можностите за успех се и во Купот, каде е влезот во четвртфиналето, дома со Тиверија.

Loading