Во болницата
Болницата набави со сопствени средства три најсовремени апарати за одделот за физикална медицина. Екстензоматот, апаратот за шок вејв терапија и комбинираниот апарат се на располагање во одделението и во амбулантата. – Креираме услови и можности за подигнување на квалитетот на медицинските услуги – изјави директорот Кети Смилеска.
Физијатарот д-р Благоја Ѓорѓиоски објасни дека еден од апаратите нуди истовремено, независно да третираат 5 пациенти.
– Се овозможуваат третмани со вакум електроди кои вршат релаксација на воспаленијата или грчеви во мускулите и контрактури на зглобовите – кажа Ѓорѓиоски.
Еден од апаратите ќе врши терапија на лумбалниот и цервикалниот дел на ‘рбетниот столб. Екстензиоматот ги ослободува приклештените нерви. Комбинираниот апарат е и пулсна вибрациона масажа. Дневно има 160 пациенти од Прилеп и околината.