ЧЕТИРИ СОВЕТНИЧКИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ОПОЖАРЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

 Диме Бозоски, советникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на градот покажа разбирање за сограѓаните кои се нашле во неволја и ги погодила некоја несреќа. На четирите семејства, на кои пожар им ги однесе домовите и им ги претвори во пепел, им подари по еден советнички паушал од по 20 илјади денари.

– Дарувањето е духовна храна, а емпатијата императив. Со совест, добрина се отворат најубавите врати на срцето. Сите да си помагаме, особено да даруваат оние со поголеми можности. Со средствата од советничкиот надомест, ќе се ублажат последиците од стихијата и ќе се покаже грижа дека семејствата не се заборавени и осамени. Подавањето рака во несреќа не е само хуман чин, туку готовност да се споделат чувставата со погодените, останати без топлиот дом и веселата семејна атмосфера – вели Бозоски.

Loading