ТРИ ДЕНА БОРБИ ДО НЕДЕЛНОТО ФИНАЛЕ

Мал фудбал

Веќе две недели траат возбудувањата на десеттиот Хуманитарен турнир во мал фудбал Свети Никола во салата од ОУ “Добре Јованоски”. Претстои завршницата. Денеска од 18 часот, по натпреварот за пионери, следат сениорските четвртфиналиња. Фаворити има, но изненадувања се можни меѓу екипи од повеќе места од Македонија. Победникот се крие меѓу тимовите кои влегоа во нокаут-фазата: Скара на кило Кусио, Трисоро, Афикс пласт, Ана Марија фуд, Теа Андреа, Рустика кетеринг, Сендвичара Грижо Ла страда (Прилеп), Кафе Лули, Влав шпед (Крушево), Црна Река (Кавадарци), Андринико, Зона премиер, Виталија Ветаџока, Гостилница кај Мече (Скопје), Гостилница кај Џек, АСП Пак (Охрид).

В сабота програмата е од 10,30 часот со пионерски натпревари, а првото сениорско полуфинале од 19 часот. Потоа има ревијален меч, па второ полуфинале. В недела турнирот ќе кулминира. Од 10 часот се борбите за прво и трето место кај пионерите, а во 17 часот е сениорскиот дуел за третото место. Следи ревијален меч меѓу ветераните на Победа и Пелистер, а големото сениорско финале е од 19 часот. Кој ќе го освои пехарот, кои тимови ќе ги поделат вредните парични награди? Дали познатите фудбалери од Победа, Струга, Шкендија, Шкупи, Силекс, Вардар некој ќе ги сопре на патот кон целта?

Меѓу играчите најмалите се од 8 години, а највозрасниот Славчо Алексоски (Најс травел) има 67.

Loading