ПРОФЕСИОНАЛНИ И ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ И СУШЕЊЕ

Донација в болница

Болницата доби две индустриски машини за перење и сушење вредни 12 000 евра од компанијата Гентерм. Се заменија старите повеќе децении со нови  енергетски  ефикасни  машини, кои ќе бидат од голема полза за поголема хигиена. Соработката помеѓу Болницата и Гентерм Македонија уште еднаш се потврди со тоа што како општествено одговорна компанија и како најголем работодавач во општинава донираа во болницата.

– Согледувајќи ги потребите на болницата и она што значи подобро здравје на пациентите, ни излегоа во пресрет и донираа машина за сушење и машина за перење ИМЕСА, како и апарати за мерење на крвниот притисок на пациентите за повеќе одделенија. Изразуваме голема благодарност во име на нашите пациенти, вработените и сите граѓани за донацијата. Машините се наменети за пералната во која се одржува хигиената на постелнината и алиштата од сите болнички одделенија во установата. Професионалните,  енергетски  ефикасни  машини ќе бидат од голема полза. Ќ е ги заменат постојните стари неколку децении, со што ќе имаме поголема ефикасност, подигање на степенот на хигена на вешот и секако и заштеда на трошоци. Примерот на Гентерм  треба да се следи и другите компани во поглед на поголемата општествена одговорност во средината во која функционираат – рече Кети Смилеска, директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност.

Индустриските машини за перење и сушење ќе и ги крената на повисоко стандардите за хигиена, а со тоа и услугите за пациентите ќе бидат на повисоко рамниште.

– Ова не е наша прва донација за болницата. Работиме по претходно договорени приоритети. Имаме глобални и локални таргети. Соработуваме и помагаме на јавни институции како училишта, градинки и болници – изјавил Андреј Хафинетс, генералниот менаџер на Гентерм Македонија.

Ова е трета донација за болницата од Генмтерм, со која како општествено одговорна компанија помагаат на прилепската заедница,.

– Задоволен сум што помагаме. Дониравме  да помогнеме за чистотата во Болницата, што е голема помош за пациентите. Ќе продолжиме и во наредната година-  изјави Хафинетс.

Смилеска упати благодарност за донираната опрема.

Инаку, за подобрување на здравствените услуги, Итната помош доби нови апарати за мерење притисок, а одделението за физикална терапија очекува нова најсовремена опрема.

Loading