ПО ДВА ПОРАЗА, ДВЕ ПОБЕДИ?

Ракомет

Есенва машкиот тим на Прилеп и женскиот на Деспина настапуваат со мошне млади состави, поразите се чести, па не се случи ниеднаш во ист викенд да постигнат победи. Во претходните кола, 13. од А-групата на машката Супер лига и  10. на Б-групата од женската Супер лига, се случија поразите дома. Прилеп иако водеше со два разлика, загуби од скопски Бутел со 25:33. Деспина со 16:26 загуби од Стружанка. Претстојниов викенд е можно двата тима да победат. Во рамките на Купот, в сабота (14 ч.) во салата на СОУ “…Ричко” Прилеп игра со скопски Металург, четвртиот од Б-групата на Првата лига, а Деспина му гостува на аутсајдерот Кузман Вардар во Скопје.

На табелите и Прилеп и Деспина се шести во своите групи.

Loading