ПРИЛЕПСКИ НАПАД ВРЗ ШАМПИОНОТ

Пинг-понг

В недела (10 ч.) во салата од ОУ “Добре Јованоски” се последните две кола од машката пингпонгарска Супер лига на Македонија. Осмото коло е загревање за деветтото. Во него најинтересен меч е помеѓу третото Берово и петтиот Шампион ФА, Другите двојки се: Рисови – Младост, Работнички – Младост 96, Крива Паланка 2007 – Кочани, Крива Паланка – Телеком нец 2. Во деветтото коло е дербито на денот, Младост 96 – Крива Паланка 2007. Не само што тоа е судир на вториот со четвртиот на табелата, туку и на претходниот со сегашниот државен шампион. Второ дерби е Телеком нец 2 – Берово, лидерот на табелата со третиот. Други двојки: Кочани – Крива Паланка, Младост – Работнички, Шампион ФА – Рисови.

Табела: Телеком нец 2 (Скопје) и Младост 96 (Прилеп) по 13, Берово и Крива Паланка 2007 по 12, Шампион ФА (Штип), Рисови и Работнички (двете од Скопје) по 10, Младост (Прилеп) 9, Крива Паланка и Кочани по 6.

Loading