ДАВИД СО ТАТКО МУ ИГОР ТРАЈКОСКИ СЕ ШАМПИОНИ

На џипиџијада во Кичево

Со трофеј се вратија 15 годишниот Давид и татко му Игор Трајкоски од џипџијада во Кичево во конкуренција од 35 екипи од земјава и од странство во две категории.

Во категоријата хард, тешки терени, тандемот на семејството Трајкоски го освои првото место, добивајќи за награда витло, електричен тргач со сајла за возила. 15 годишниот Давид му беше совозач на својот родител. Двајцата покажаа вештина на суровиот терен, управувајќи го специјалното теренско возило со снага на 240 коњи со мотор БМЊ. На калливите угорнини, низ долови со тиња, потоци со камења и лизгави гнили листови, постигнаа најдобро време и станаа носители на кичевскиот трофеј.

Од семејството Трајкоски, со екстремното возило, Петар, братот на Игор, се пласира на втората позиција во хард категоријата.

Во софт категоријата, прилепчанецот Никифор Јанкулоски го зазеде четвртото место со Тојота ленд крузер од 3000 см3, меѓу 32 екипи, од кои десетина од Косово.

Loading