СТЕВАНАНЏИЈА Е ТРЕНЕР

Кошарка

Машкиот кошаркарски третолигаш Мега баскет има нов тренер, 25-годишниот Стефан Стевананџија, воедно и играч. Го наследува искусниот Сашо Костоски, кој со децении беше во таа улога, не само овде, туку и во други клубови. Клубот е пријавен за учество во Третата лига, чие првенство ќе почне во октомври. Пријавена до КФМ е и младинска екипа, со која ќе работи Костоски. Од финансиски причини и поради недостиг на искусни кошаркарки, женскиот тим само ќе тренира, а нема да биде во системот натпревари.

Со најмладата, пионерска категорија кошаркари, како и со кошаркарките, ќе работи тренерот Златко Ристески.

Loading