ПОЧНУВА ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА

Ракомет

Викендов стартува новата сезона од ракометната женска Супер лига. Екипата на Деспина е гостин кај најсилниот ривал, шампионот Ѓорче Петров во Скопје. За подмладениот прилепски тим (замината е бекот Сања Цветкоска во Пелистер) секој меч е искуство. Ова е дуел од Б-групата, каде се екипите на Металург и Кузман Вардар (Скопје), Астибо (Штип), Феникс (Битола) и Стружанка. Во А-групата се Вардар, Скопје, Чаир, Шампион, Спартак (Скопје), Пелистер (Битола), Гевгелија и Куманово.

Машката Супер лига почна со поразот на Прилеп дома (30:43) од скопски Алкалоид. Викендов е гостување на ,,ранетиот,, Охрид, кој на гости загуби (24:23) од Бутел.

Loading