ТЕШКИ ГОСТУВАЊА ВО СКОПЈЕ

Победа

Викендов е 6. рунда од Првата фудбалска лига на Македонија, во која прилепска Победа има гостување кај Скопје. Пред почетокот на првенството двата тима беа сместени во групата аутсајдери. Оттаму, се очекува неизвесен дуел. Домашните гледаат шанса за три бода, но и гостите.

Победа завршија со добивањето право за настап на странците – одбранбениот Огњен Ѓурковиќ од Србија, за врска Амос Дадет од Нигерија и во нападот Џејмс Акугбе од Белгија, како и за страничниот Никола Галевски од Струга, за врска Миле Тодоров од Работнички. Иако со скромни финансии, клубот направи напори да го подигне квалитетот.

И во средата беше гостување во Скопје, Шкупи – Победа (1:1).

Loading