ТАЛЕВСКИ ЈА ПОДАРИ ПРАТЕНИЧКАТА ПЛАТА

На семјствата на опожарените куќи

Ваучер за градежни материјали колку една пратеничка плата им донира пратеникот Миле Талевски на семејствата чии домови изгореа во пожар.

– Куќите изгореа. Не смее да изгори и надежта во нивните срца дека домовите ќе им бидат обновени. Не смее да згасне вербата дека повторно ќе имаат домови со среќа и детски џагор. Ги охрабрувам сите носители на јавни функции да покажат хуманост – напиша на ФБ пратеникот Миле Талевски.

Тој очекува емпатија кај прилепчани и кај стопанските субјекти кои не пропуштаат да подадат рака кога е најтешко.

Loading