ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (155) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Татко ни Ванѓел од Прилеп во Марул го донесе со запрежна рабаџиска кола. Јас во трето одделение кога си дојдов од училиште го зачекав рабаџијата појадуваше а добитокот беше црна мазга јаде зоб во дворот. Ѓоре го видов на чардакот лежеше и јадеше лупено динче понудено од дедо Ристе и плачеше поред Ѓорѓија. Само што се качив на чардакот Ѓорѓија со едно око ме виде и ми рече, Томе кога ќе оздравам и јас ќе идам на училиште. Неговото тело беше исцедено, без едно око обелено лицето од мај невидело сонце. Запчињата му беа поцрнети.

До вечерта 20 часот неговото срце престана да чука. Наредниот ден Ѓорѓија беше погребан на 31 окомври 1954 година без свештено лице поради свештеникот Смилевски Ванѓел добрушеецот пред неколку дена се направи операција од слепо црево. За друго свештено лице немаше време да се бара. Ѓоре беше погребан со умреница од матичната служба на родените. За четириесетдневниот помен или шест недели од неговото умирање свештеник присутен  беше Митревски Трајан од с. Добрушево.

Ѓорѓија го покри црната земја. Моето последно видување со лицето пребелено со едно око, запчињата поцрнети кога јадеше динче и што ми ги изрече зборовите кога ќе оздрави ќе иди на училиште се вечни спомени, неизбришливи, остануваат мојата душа до мојата гробнина, неизбришливи често во мојот живот сум плачел.

На 10 ноември 2011 година навратив во матичната служба на родените во с. Канатларци за да земам негови податоци за да му направиме гробен натпис. Матичарот Боге Стојаноски го отвори дневникот на умрените од 1954 година и ми вели, вашиот Ѓорѓија не е умрен, овде не е запишан. Мене ме изненадија и за чуди се стаписав од нервоза, фативме адвокат Талеска Јагода со двајца сведоци сестра ми Мирческа Петра и брачет ми од стрико Благоја Јовчески Гулаб преку судството во општина Прилеп братчето Велјаноски Ѓорѓија го регистриравме во умрените луѓе. Со солзи и незаборавни спомени од братчето Велјановски Ѓоре кои се напишани на вечната негова куќа во марулските гробишта, амин.

Ристески Танев Ванчо исто така како и Велјаноски не тргна во прво одделение на училиште во 1954 година порди една берба на лубеници во местото Врба си ја скрши ногата во спиците во задното колце во запрежната воловска кола.

Родени во с. Марул во 1954 година

1.Атанасоска Благојева Даница Танеска;

2.Атанасоски Јованов Атанас Танески;

3.Димоска Драганова Мара Богданоска Јанкоска;

4.Ѓорѓијоски Стојанов Никола Николоски;

5.Јованоски Димитријов Драган Јоноски;

6.Јошеска Ќирова Олгица Котеска;

7.Јошески Петрев Мирко Котески;

8.Митрески Јованчев Арсе Мурџески;

9.Митрески Митев Методија Мурџески;

10.Митрески Митев Пурденко Мурџески;

11.Митрески Митев Пурденко Мурџески (тројка);

12.Митрески Цветанов Пецо Крушкоски;

13.Павлеска Ацева паца Петреска;

14.Павлески Мирков Пецо Петрески;

15.Петрески Алексов Благоја Бабјак;

16.Петрески Ванчов Љубе Бабјак;

17.Петрески Димитријов Пецо Бабјак;

18.Ризоски Боризов Миле Бошески Горни;

19.Ристеска Богојева Милка Танеска;

20.Ристески Дончов Ќиро Јанкоски;

21.Ристески Дончов Методија Јанкоски;

22.Стојаноска Тодева Трена Котеска:

23.Тошеска Благојева Тодорка Јолеска.

Женети и мажени во 1954 година:

1.Јованоски Јованов Душан Јоноски за Здравеска Петрева Правда од с. Алинци, прилепско;

2.Петреска Јованова Благуна Мурџеска мажена за Ванчо, прилепчанец, венчани во Прилеп;

3.Петрески Јованов Ѓорѓија Мурџески женет за Зора прилепчанка венчани во Прилеп;

4.Ризоска Колева Милица Бошеска Горни мажена за Путески Спасев Цветан од с. Добрушево со свадба.

Продолжува

Loading