СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ОКЈАР

Иницијатива (13)

Објавуваме написи за животот и делото на една многу интересна личност од историјата на Турција – Али Фети Окјар. Тој е роден во Прилеп и бил политичар, војник, дипломат и публицист.

Неговиот бурен живот предизвика неколку интелектуалци и бизнисмени од Прилеп да покренат иницијатива за одбележување на високите политички дострели на прилепчанецот на политичката сцена во Турција во почетокот на минатиот век кој во политичката кариера стигнал до позицијата премиер на младата турска демократска држава и прв соработник на основоположникот на современата демократска Турција, Кемал Ататурк

Во Париз учествувал во битките против Италијанците во Либија. Се вратил во Париз на мисијата воен аташе. Вршел војнички должности во Солун. Бил 2,5 месеци во Скадар. Додека се војувало во Либија, на Балканот почнала Првата балканска војна. Свесни за заканите по опстанокот на Османлиската империја, дел од офицерскиот кадар меѓу кои и Окјар, се вратиле во Истанбул. Бил распореден на разни воени должности водени при балканските и Првата светска војна. Војничките ангажмани завршиле во 1913 година.

Бил активен во тајната организација на Младотурците – Единство и напредок. Со Мустафа Кемал и неколку други истомисленици биле против мешањето на армијата во политичкиот живот. Учествувал во подготовката и реализацијата на Младотурската револуција од 1908 година. Извесен период бил и генерален секретар.

Додека траела Втората балканска војна, се спротиставил на плановите предводени од Талат Паша за соборување на султанот Абдул Хамид Втори и за преземање на власта на младотурците. Одбил да учествува во акцијата против султанот. Окјар неколку месеци бил во придружба на султанот Хамид, додека бил во прогонство во Солун.

Меѓу 1913 и 1939 година, трипати бил амбасадор на Османлиската империја во Софија, а потоа амбасадор во Париз и во Лондон. Извршувал важни активности во интерес на земјата што ја застапувал.

По потпишувањето на капитулантскиот мировен договор во Севр, во 1920 година, кога територијата на Турција била поделена меѓу победниците на Првата светска војна, Окјар, со повеќе други познати личности, на барање на британските окупациски сили, биле притворени. Неколку месеци потоа биле интернирани во Малта. Политички затвореник бил до 1921 година. По ослободувањето од прогонство, се вратил во Анкара и се вклучил во борбата водена од Мустафа Кемал против грчките окупатори.

Во Анкара почнува вториот период од бурниот живот. Бил избран за пратеник во парламентот. Истовремено бил и министер за внатрешни работи две години.

Окјар, вршејќи ја фунцијата не можел да учествува во завршните пресудни битки против грчките окупатори, но бил главен учесник во меѓународните активности. ТПо победата на битката кај Сакарја, во 1922 г. и непосредно пред започнувањето на завршните операции, тој како “амбасадор на мирот” на владата во Анкара заминал прво во Италија, потоа во Париз и во Лондон . Се сретнал со високи функционери. За разлика од Рим и Париз, каде наишол на разбирање и одобрување на условите за постигнување мировен договор, Лондон извесен период се спротиставувал. Меѓутоа, како заслуга на умешните дипломатски маневри на А. Фетхи Окјар, тој преку прес-конференции со новинарите, успеал да ја убеди англиската јавност за потребата од мировен договор, а со тоа на Мустафа Кемал и на борците им “купувал” време за подобра подготвка на дефинитивното ослободување на земјата од грчките завојувачи. Ова мисија ја завршил дури во 1922 г., кога, преку Рим, се вратил во земјата, која веќе била слободна.

Loading