ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (153) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Наредниот ден квечерината доваѓаат во Марул тројцата Ерековчани, Николоски Нове, Вршкоски Богдан и Алексо Шестако. Со повик на протуѓеро Борис Бошески Ценоски по наредба на одборникот Јованоски Цветан Крушка, Марулчани се собираат на средселото. Николоски Нове зема прв збор и појаснува, сега донесовме нова одлука.

Житната култура сеанија ќе си е ожнијате во мир и спокојство. Ќе ги овршите житата, поред житата и сламата ќе биди ваша. Оваа нова одлика важи до 1 декември 1954 година. Дотогаш се да биди готово и дрвјата по нивјето да си ги исечат. Се што ќе остани во блокот после 1 декември 1954г. ќе припаѓа во државна имовина. Напнатата ситуација се смири, работата почна по мирен пат.

Жетвата со сеанијата се ожна и оврши. Сите дрвја што беа по меѓите сопствениците ги сосекоја, во вреќи беа носени дабовите желади, со нив ги хранеа свињето. Земеното место во блокот беше права пустелија, без никакво дрво во нивјето.

Атанасоски Стојчев Мице Танески, татко му на Данчо природно интелигентен човек. Самоук, писмен од времето на Првата светска војна и ја преживеал војната. Повеќепати во селото Марул бил политички управител. Мајстор за калемење на дрва. Надарен за овчар и ред други работи.

За време на Втората светска војна Мице завзема одговорно политичко место, работи три години во позадина, го поможува народното ослободително движење во Македонија, е домаќин за пречек на втората МНОУБ и многу други работи. Со настанот помеѓу Данчо Танески и бригадирот Мице падна во голема замисла, се подразболе, го напушти овчарлакот. Заздравува, пак оди овчар, поново се разболува, ден здрав, два болен. При крајот на месец август во 1955 година мицевото срце престана да чука во шеесеттата година од неговиот живот.

Неговиот татко Танески Атанасов Стојче гледајќи како неговиот син Мице разболен лежи Стојче ја губи секоја негова енергија и свест. Стојче веќе во 1955 година не се појави повеќе како воловар. Марулските воловарчиња изгубија еден голем историчар и раскажувач за минатото. Танески Стојче во 1956 година често пати беше видуван на тумбурчето кај нивното буниште. Човекот беше избезумен. За последен пат Стојче беше виден во јавноста за свадбата на неговата внука Грозда, ќерка на неговиот син Мице. Во месец февруари во 1957 година Стојче почина во 89 години од неговиот живот.

Продолжува

Loading