“ПЕЈЗАЖНИ СИМБОЛИ” ОД ДАВИД АТАНАСОСКИ ВО НОВИ САД

Изложба

Нашиот уметник Давид Атанасоски со изложбата “Пејзажни симболи” се претстави со Нови Сад на манифестацијата “Нови Сад – Европска престолнина на културата”. Љубителите на уметноста се запознаат творештвото на  Атанасоски што е резултат на скулпторско и сликарско истражување, трансформирајќи ги сликарските елементи во карактеристични објекти на релација материјал и креативен уметнички потенцијал.

-Како резултат на конструктивен материјал за изработка на внатрешноста на квадратна форма употребив картон, затоа што е потрошен материјал од непосредното опкружување, и преку проектот индиректно се поврзувам со идејата за интеграција и имплементација на еколошките, економските и општествените тенденции за мерка за управување и одговорно однесување со ресурсите во глобалниот билошки еко систем – вели Атанасоски.

Атанасоски е дипломец на ФЛУ во Скопје. Член е на меѓународната организација за уметност и култура Нови моменти, на ДЛУП.

Изложувал низ Македонија, САД и Јужна Кореја.

Loading