СПЕКТАКУЛАРЕН ПИВО ФЕСТ

Успешно се оконча четиридневната фешта Пиво фест во центарот на градот. Над сто илјади посетители од Македонија, особено нашинците од странство кои одморот го користат во татковината, го почувстуваа зенитот на манифестацијата по две години пауза. Успешно беше враќањето на авторитетот на празникот на пивото на туристичката карта.

Координираноста и посветеноста на општинските институции и МВР придонесоа сите четири дена да минат во најдобар ред. Градот беше чист и целосно подготвен секое утро. Градските власти се горди што граѓаните уживаа во музиката, пивото и мезелаците на жар.

– Спектакуларно издание на Пиво фест, и со кусо време за организација. Јавните служби беа на висина на задачата за безбедноста и грижата за хигиената – рече градоначалникот Борче Јовчески, резимирајќи го нивото на квалитет на манифестацијата.

Loading