ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (152) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Марулци одлуката што ја слушнаа со срцата не ја прифатија и милост како да ја добијат својата сејанија. Кога дојде време за жетва организаторите на фронтовската земја вработија свои аргати, жетварки. Го носеа наутро натоварени во преколици на трактори со развеано југословенско тробојно знаме со петокрака. Аргатите жетвари беа од соседните села Македонци по крв и вера Христијани. Нема да ги спомниме од чувствителна омраза. Во нашето село Марул, нервозата поголема, ние воловарчињата ја осеќавме нервозата од нашите постари во Марул ги пречекавме странските аргати жетвари со револт за да дојдат да жнеат во нашите пантоломи често бевме каменувани од државните аргати од жетварите. Имавме сила и се извлекуваме неоштетени од нивните напади.

Марулци самоиницијативно донесоа одлука да од сејанијата нема да отстапат, попуштат пред властите. Отстапување од сеанијата жетвата Марул го чека сигурен глад. Први марулски жетвари кои влегоја во блокот беа Јанковци. Отидоа, ја оженаа нивната нива под бртвите. Снопјето ги донесоја дома, ги овршија со коњите в гумно и житото го турија во штичениот амбар сместен во дворот покриен со вреќа од ржаница. На тоа реагира властите од фондот за земјоделие, дојдоа со милиционерска пратна, заштитни и житото од амбарот го товорија на две запрежни коњски коли, го однесоја некаде во непознат правец.

Фамилијата на Мице Танески Атанасоски на жетва во новоформираниот блок од фонтовската земја во Марул во местото Чуките. Работата им започна за жнеење. После извесно време доваѓа бригадирот прилепчанец надлежен, одговорен за сеидбата во блокот за да ги спречи мицеските аргати жетвари за да престанат со жнеење. Доваѓа до остар судир од една страна со домаќинот Дончо Мицески со бригадирот од друга страна. Дончо ја зема косата и го нападна бригадирот. На помош му доваѓа исто така со косата в раце негов прв брачед Јанкоски Китан. Бригадирот виде да нема спас, можно е да биди убиен, се даде во бегство по долот во Чуките и се сокрил во капињето во долот.

Дончо и Китан со косите в раце трчајќи по долот и извикувајќи дали за ваков живот не јадеа три години. Македонецот е поѕвер од Турџците, Србите и Бугарите. Бригадирот сокриен во капињето во долот во Чуките и го слушал нивниот револт. Откако замина Дончо и Китан со косите на рамо и продолжија со нивната жетварска работа. А бригадирот си отиде во Прилеп.

Незгодата која се догоди во местото Чуките помеѓу жетварите и бригадирот на блокот преку денот брзо се пренесе низ цело село Марул, вознемирена работа. Вечерта марулци се собраа на сред селото повикани од селскиот одборник Јованоски Цветан Крушка преку селскиот протуѓер Бошески Борис Ценоски за да се преземат некои соодветни мерки. Се донесе одлука со две одредени лица да се оди до федералната влада во Белград на поплака. За да се објасни работата и тие што ќе одлучат, така ќе биди.

Жалба до Општината, едно нема да биди призната, а од друга страна посекако нашето с. Марул ќе биди осудено. Марулци за одење до федералната влада во Белград ги одредија двете авторитетни лица, партизански војници Атанасоски Ристев Јован Танески и Павлески Трајанов Игне Јоноски.

Јован и Игне отидоја во Белград и беа примени од Словенецот Едвард Кардељ, член во политичкото биро на југолсовенската федеративна влада. Кардељ го ислушал нивното кажување и му објаснил да ние овде не решаваме такви проблеми, работи, него вие ќе појдите во вашата влада, тие ќе ви објаснат што, како треба да се заврши таа работа.

Како што излгеда работава, вие Македонците се борите против Турците, Србите и Бугарите, сега се борите самите против себе. Ова Кардељ му го кажал на Јован и Игне со смешен грлес глас. Највероватно да општинарите го пренесиле истиот револт слушано од бригадирот сокријан во капињето што го кажале Дончо и Китан барајќи го бригадирот на блокот по долот во Чуките.

Кардељ ги испратил Јован и Игне до владата во Скопје, највероватно тој сам одлучил, ја уважил нивната жалба и јавил во Скопје како нормално да бидат примени по дипломатски, политички пат. Јован и Игне дошле во Скопје, биле одбиени за да бидат примени наводно таа служба и поплаки тој ден не работела, со несвршена работа.               

Продолжува

Loading