ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ И ИЗЛОЖБА ОД МАРИЈА ЃОРЃИОСКА

“Треперење” и “Седум години” се двете нови книги што вечерва во ЦК “Марко Цепенков” ќе ги промовира писателката Марија Ѓорѓиоска. Воедно ќе се отвори и изложба на нејзини дела.

“Трперење”, со триесетина песни, е наградена збирка поезија од конкурсот “Денови на поезијата”. “Седум години” е роман за многуте страни на љубовта.

– Тема се судбините на повеќе прилепски семејства од 1940 година до првата декада од 21 век. Припаѓа на психолошко – социјалните романи, со нагласени мелодрамски елементи. Сведочи не само за мените на личностите, ама и за мените на времето и општествените околности за седум децении – вели Слободан Беличански.

Ѓорѓиоска е автор на осум романи и две стихозбирки. Застапена е во бројни поетски збирки и учестува на поетски манифестации. Добитник е на награди и признанија, меѓу кои и Третоноемвриската награда на Прилеп. Член е на Клубот на литературни творци – Прилеп и на ДНУ.

Знам

Знам,

Ти си сега сам

И една мисла те мачи –

Зошто со тебе не сум

Штом присуството мое

Многу ти значи.

Навечер, штом твојата улица

Потоне в мрак,

Сонуваш дека во моите мирисни коси

Спиеш пак.

Тивок шепот ноќта ти носи,

Чиниш јуриме како некогаш

Насмеани, боси.

А в зори, штом ноќта стивне,

Се будиш со болка и тага,

Се брише тешка лага

В час

Со мислата што те мачи –

Зошто со тебе не сум јас?

М.Ѓ.

Loading