ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (151) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски   

Во тоа време во Марул немаше струја, ниту пак радио. Постарите луѓе беа прогнозери на времето на едноставен начин. Ако дува ветер од исток, носи студент дожд. Ако дува север, носи снег со намети, наноси во заветните места. Ако дува од запад, носи дожд со талози и пороен дожд. Ако се слуша гласот на мусинските кучиња тоа е знак да ќе дува југот со топол ветер. Пред некоја вечер почна да се слуша гласот на мусинските кучиња и постарите рекоја да ќориот со едно око ќе го скорни снегот.

Снегот почна нагло да се топи, реките се наполнаа со вода. Сето пливна во вода, полето прилепско – битолско како некое езеро, многу села беа поплавени. Вешерејца надолу Чарлите, Радобор, Карамани, Трн и др. Марулските ученици три дена немаа настава, реките не се поминуваа. Земјата се измени од дотогашната бела снежна боја се смена во нејзината природна боја.

Стоката луѓето е поеа вода на бунари, а наши маалци стоката ја тераа на поење вода на природните извори во бачилиште и други извори поради речната вода беше нечиста од топењето на снегот. Од напојувањето на земјата со преголема вода на повеќе места имаше пукнатини како цела рака ливади. Скинатото кај Преслап над црквата под Острило во Капиниште во Дорлачко кај Чолите и на други места во марулскиот сињор.

Во половината на месец март 1954г се разболе Мојсоска Кирева Мара, двегодишно дете и по кратко време Мара почина.

При крајот на месец март селскиот одборник Јованоски Цветан Крушка му нареди протуѓерот Бошески Борис Ценоски свика вечер на сред селото за утре за на пладнина во единаесет саатот за на сред селотот ќе има некое соопштение од општината Тополчани затова се повикуват секој од куќа да биди присутен да слушни за какво соопштение се работи.

Наредниот ден со тракторот Киро од Клепач кој го водеше за сводари носеше од кај Павлевци за Мирко есента кај Колевци во Бонче придружен од Николоски Нове од с. Ерековци одреден за фонтовската земја во Марул дојдоа пред ручек на средселото и пред присустните Марулци му издиктираа соопштение со закон да веќе е долучено и обележано со рилачки трактор до каде ќе биди одземена фондовската земја во с. Марул.

Цитирано од реката кај проројница поред садината преку дојкојца мусински пат западно од долот Грамада до поточето во реката Смрдла над патчето за Подмол под стените или сечени камење над садничињата поред патчето за Николев кладенец на триста метра од Николев кладенец свртува десно над Данчово врбче над патчето за Пдомол Врагој слизгало до брегот на подмолскиот сињор поред црницата Танеска и кај Мрамори излегува на патот лево за Подмол, десно за Канатларци. Таа е границата на одземената фонтовска земја од с. Марул.

Се има поставено чувар, полјак на оваа фондова површина. Секаква стока која ќе се фати преку обележаната линија, бразда се следува одговорност со парична казна до 5 000 денари, а додека за прекршок направен на човек ќе се оди преку суд.

Сета приватна имовина што се навоѓа во одбележаната граница останува како државна имовина. Со тоа соопштение Киро трактористот и Николоски Нове си замина, а селаните марулци ги оставија на средселото го голема мисла што ќе биди со нивната целокупна сејанија која е посеја на во внатрешноста на одбележаната земјина фондовска површина во марулскиот сињор.       

Продолжува

Loading